Вчера бил најтоплиот ден во Австралија откако се води статистика. Просечните температури во земјата беа 40,9 степени Целзиусови, соопшти Метеоролошката служба на Австракија.Претходниот рекорд бил во јануари 2013 година кога беа измерени 40,3 степени Целзиусови.
Најжешкото место во Австралија вчера беше Седуна, во јужниот дел на земјата, со температура од 46,5 степени. Сепак, според овој индикатор (најжешкото место во земјата за еден ден), рекордот не е срушен и најжешкото место во Австралија, откако се води статистика, и понатаму гратчето Едем во јужниот дел на земјата, каде што на 2 јануари 1960 година биле измерени 50,7 степени.
Метеоролозите за Едем сега прогнозираат температури до 47 степени за наредните три дена.
Се очекува температурите во долината Оук во Југозападна Австралија утре да достигнат 49 степени.


