Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Радовиш, магла на дел од патиштата – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 1:29 PM

Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Радовиш, магла на дел од патиштата

Нормализиран е сообраќајот на патот Штип – Радовиш, каде од 11:15 часот се отстрануваше возило што синоќа излетало од патот.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има во Битола, Охрид, Пресека, Кичево и Македонски Брод, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.