Шините се минато: Паметен кинески воз ќе вози без машиновозач и ќе се движи по мрежа од сензори – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 12:59 PM

Шините се минато: Паметен кинески воз ќе вози без машиновозач и ќе се движи по мрежа од сензори

Најновото чудо на технологијата стигнува од Сичуан, Кина, и ќе превезува 10.000 патници дневно. Возот првата траса ја добива токму во тој кинески град. Главната карактеристика му е што нема класични шини туку се движи по виртуелни траси, користејќи мрежа од сензори наместо шини. Должината на виртуелната железница е 17,7 километри, а чинела 144 милиони евра.

Еден човек ќе седи зад управувачот на возот, но тоа нема да биде класичен машиновозач, туку овој само ќе реагира доколку дојде до некаков дефект. Брзината што ќе ја развива возот е околу 70 километри на час, а може да превезе 300 патници одеднаш. Се проценува дека околу 10.000 патници секојдневно ќе го користат новиот воз.

Овој за многумина бизарен концепт на локомотива го разви една од најпознатите кинески компании ЦРРЦ, а првпат идејата беше претставена пред две години. Инженерите во компанијата велат дека овој систем е многу поевтин за изградба отколку традиционалната железница.