Најголем број од странските туристи во Сараево се Кинези! – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 12:53 PM

Најголем број од странските туристи во Сараево се Кинези!

Во првите десет месеци од оваа година бројот на луѓето што го посетиле Кантонот Сараево, БиХ, во однос на истиот период од минатата е поголем за 16,6 отсто. Само во октомври бројот на туристи бил 68.656, кои оствариле 130.316 ноќевања.

Според податоците од Заводот за информатика и статистика на Кантонот Сараево, од вкупниот број гости во октомври годинава, 59.791 биле странски туристи. Од нив најмногубројни биле Кинези (10.077), па Хрвати (5.852), Турци (4.815), Словенци (3.453), Срби (2.743), Германци (2.452)…