Франција: Тринаесетти ден протести – вчера сообраќаен метеж долг 630 километри – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 10:48 AM

Франција: Тринаесетти ден протести – вчера сообраќаен метеж долг 630 километри

Штрајкот на француските железничари кои се противат на пензиските реформи денеска влегува во својот 13. ден, а Владата останува решена да продолжи со спроведувањето на своите планови. За денеска е најавена нова рунда протести низ Франција, водечките синдикати најавуваат дека ќе го продолжат штрајкот и за време на Божикните празници.

Повеќето вработени во јавниот сектор се вклучени во штрајкот, вклучително и вработени во железници, училишта, болници, кои стравуваат дека ќе треба да работат подолго и за пониски пензии.

Властите во парискиот регион вчера регистрираа рекорден сообраќаен метеж со колони од 630 километри. Во Париз работеа само две линии од метрото што користат автоматски возови без возачи. Другите 14 метро-линии само делумно или воопшто не сообраќаат.

Посебни протести вчера почнаа и возачите на камиони, кои ги блокираа патиштата низ Франција барајќи поголема плата и подобри услови за работа.