Пакистанскиот Врховен суд денеска го осуди го осуди на смртна казна поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, на смртна казна, во големиот судски процес за велепредавство и суспензија на уставот во 2007 година, пренесува ДПА.
На Мушараф, кој беше на чело а Пакистан од 1999 до 2008 година, му се судеше во отсуство зашто пред неколку години замина од земјата заради лекување и веста за пресудата ја примил во тешка здравствена состојба во болница во Дубаи. Од неа Мушараф порача дека смета оти судењето не било фер, бидејќи се воделео во негово отсуство, но и поради тоа што тој и служел на својата земја „чесно“.
Одлуката за смртната казна ја донесе Врховниот суд во Исламабад, кој на тој начин ја поддржа претходната одлука на понискиот суд, а пресудата е донесена со прегласување, два спрема еден, пренесуваат агенциите.
Мушараф има право на жалба.


