„Советот на амбасадори” до МНР ќе достави писмени забелешки за предложениот закон за надворешни работи – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/19 8:52 AM

„Советот на амбасадори” до МНР ќе достави писмени забелешки за предложениот закон за надворешни работи

Извршниот одбор на здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„  на 16 ноември 2019 одржа седница и со посебно внимание го разгледa текстот на Нацрт Законот за надворешни работи предложен минатата недла од Министерството за надворешни работи.

„Совет на Амбасадори„ го поздравува фактот дека МНР Нацрт законот го стави на јавна расправа  а со цел да се добијат квалитетни решениа за поефикасно и  подобро функционирање на дипломатската служба во целина и афирмација на земјата во меѓународните односи.

„Совет на Амбасадори„ поедетални забелешки и сугестии  во писмена форма ќе ги достави до МНР, но, смета дека за генералното видување  околу предложениот нацрт текст треба да биде запозната и јавноста.

„Совет на Амбасадори „ ја поздравува заложбата на министерот и неговите соработници да преку нов закон се создаваат претпоставки за креирање на вистински професионална дипломатија, но, смета дека предуслов за такво нешто се професионалната работа на дипломатите во самото МНР и професионалната и рационална дипломатска мрежа. Професионалноста не се состои само во фактот на донесување на закони туку и на нивното професионално имплементирање во пракса, што досега не била заложба на голем број на досегашни министри.

Генералната забелешка на Советот е дека со Нацрт законот за надворешни работи  уште повеќе се зголемува соодносот на раководни лица во МНР на штета на извршителите, (како што е случај со именувањето на „генерални директори„, формирање на нови служби и сл.) со  што МНР станува неефикасна институција каде помал број на дипломати читаат, подготвуваат, пишуваат, истражуваат и  работат на сложени задачи  а поголемиот број дипломати со повисок ранг , одобруваат, парафираат а во меѓувреме помалку  потребно или непотребно се на разни патувања и посети на  разни земји.

„Советот на Амбасадори„ смета дека  новиот  Закон за надворешни работи треба да задржи голем дел на решенијата кои се дел на законот за надворешни работи кој е на снага затоа што како такви се над решенијата на предложениот текст.

„Советот на Амбасадори„ како пример , смета дека досегашното законско решение од членот 64-б,в и г на Законот за надворешни работи за редовното унапредување во дипломатските звања е по прецизено и по применливо во пракса одколку предложеното решение. Во врска со досегашната пракса на редовно  унапредување проблемот не  беше  во лошото законското решение туку во лошата примена на истото што во пракса   даде негативен ефект  при што се појави состојба со недоволен број  дипломати со високо дипломатско звање. Советот смета дека зголемување на основите за вонредно унапредување во дипломатските звања е непотребно и тоа може да послужи (како што беше случај и досега) како прозорец за понатамошна партизација на надворешните работи.

„Совет на Амбасадори„ смета и е убеден дека услов за креирање на вистинска професионална дипломатија  е  идните кариерни амбасадори и генерални конзули  да се бираат преку интерен оглас објавен во МНР со создавање на ранглиста на  кандидати кои аплицирале и  ги исполнуваат  условите а не преку составување листа на   кадри аминувани од политичкте партии и  предложени од директорите и шефовитет на разни кабинети од разни министерства.

Што се однесува до заложбата  за пополнување на испразнетите амбасадорски места во нашите ДКП-а Советот на Амбасадори го поздравува тој чин и смета дека МНР требаше да вложи големи напори за именување на амбасадори од кариерните дипломати преку мерит системот а не преку партиски инструкции и влијанија. Советот смета дека е непримерно дел од предложените амбасадори (како што медиумите информираат)  шест месеци  во текот на оваа година да служеле како вршители на должноста во земјите каде сега би требало да бидат  именувани  во ранг на   амбасадори.

„Совет на Амбасадори„ исто така смета дека, како и во многу други земји, треба да постои категорија на именување на амбасадори по политички основ, ова од причина што МНР нема доволен број на кариерни дипломати со високи дипломатски звања поради долгогодишнотата селектирана примена на  законското решение од член 64-б,в,г од сегашниот Закон за надворешни работи. Советот смета  дека таа бројка не треба да се пополни со патиски туку од истакнати познавачи и афирмирани лица во сферата на меѓународните односи, поранешни успешни амбасадори, министри, интелектуалци и уметници кои се познати во регионот , во ЕУ и пошироко.

„Совет на Амбасадори„ смета дека именувањето на амбасадори (освен за НАТО) во услови кога веќе партиите водаат предизборна  кампања за идните парламентарни избори не води кон никаква полза за државата и за самите партии  предлагачи, туку ги заострува меѓупартиските односи.

Извршен одбор на здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори„