Сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Најниската утринска температура од -3 се очекува да биде измерена во Берово, каде што, малку невообичаено, треба да биде измерена и највисоката максимална температура денеска од 17 степени. Седумнаесет степени треба да бидат измерени и во Дојран и во Гевгелија, во Охрид – до 13, Штип и Битола – до 10, Скопје – до 7…
Слично време со максимална температура од 16 степени се очекува и утре. В четврток времето треба да биде претежно облачно со тмпература до 14 степени, а преку ноќта со повремени врнежи од дожд, кој на места ќе продолжи до петок наутро. В петок во текот на денот се очекува сончево време со максимална температура до 16, два степена повисоко отколку в сабота, за кога се прогнозира облачно и дождливо време.


