Успеси на „Макпетрол“ на „Трофеј Македонија“ и на балканско првенство во карате – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/19 1:13 PM

Успеси на „Макпетрол“ на „Трофеј Македонија“ и на балканско првенство во карате

Викендов во Скопје , Карате-федерацијата на Македонија, како никогаш досега, имаше во     организациска поставеност два исклучително силни натпревара.

Првиот ден во салата Борис Трајковски се одржа традиционалниот турнир во сениорска конкуренција „Трофеј Македонија“, додека во недела во салата Јане Сандански се одржа Балкански натпревар за младите категории на спортисти кадети, јуниори и У21. И на двата натпревари учествуваа пет балкански семји со своите најдобри национални состави во сениорска и во младинска конкуренција.

Каратистите на Макпетрол, кои беа во состав на националните репрезентациии, на двата интернационални натпревара беа многу успешни, односно успеаја да освојат најголем број медали. Сениорите првиот ден освоија седум медали од кои еден златен, три сребрени и три бронзени на Меѓунардониот турнир за сениори во борби „Трофеј Македонија“ . Златниот медал во дисциплината борби, категорија 68 кг, го освои каратистката  Ангела Мојсовска, додека со сребрени се закитија Сара Радичевска, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, додека бронзени медали освоија Петар Заборски, Петар Спасеновски и Роберто Ацковски.

Успехот е остварен во конкуренција на каратисти од пет држави:  Македонија, Турција, Бугарија, Албанија и Косово. За овој дел во сениорска конкуренција треба да се додаде дека Макпетрол резултатски ќе поминеше и подобро доколку во екипата беа и стандардните репрезентативци Симона Заборска и Давид Петков, кои беа отсутни поради повреди.

Вториот ден каратистите на Макпетрол на Шампионатот на балканските земји за кадети, јуниори и У-21 во Скопје ги продолжија со успесите од саботата и освоија вкупно пет медали – два златни, еден сребрен и два бронзени во поединечна конкуренција, како и четири сребрени медали во екипна конкуренција.
Златни медали освоија, Абдурахим Идризи и Глигор Петков, Роберто Ацковски – сребрен, а Стефан Стојановиќ и Даријан Ризмановски бронзени.
Сребрен медал во У-21 екипно освои Глигор Петков, кај јуниорките во женска конкуренција Марија Петровска а Витомир Трајковски и Данило Божовиќ освоија сребра во екипна кадетска конкуренција.