Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 16 степени треба да биде измерена во Дојран и во Гевгелија. Во Охрид и во Битола – 12, Штип – 11, Скопје – 9…
Сончево и толпло време со максимални температури од 17 степени се очекува и за утре и задутре. В четврток, пак, времето треба да биде претежно облачно со максимална темература до 14 степени, а в петок променливо облачно со повремен дожд и температури до 15 степени.


