По одржаниот протест „Куманово се гуши” реагираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриeвски кој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради загадувањето на воздухот, посочувајќи дека е генерален проблем на чие што решавање, општината интензивно работи.
Дел од мерките кои ги посочија од граѓанската иницијатива „Македонија се гуши”, додава, веќе се реализирани и нагласува дека секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојден.
– Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина и секој од нас треба да се запраша колку придонесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас, за чиста животна средина, стои во реакцијата на кумановскиот градоначалник.
МИА


