Штипски Балканец освои 12 медали на меѓународниот турнир „Трофеј шампиони“ во Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/19 3:42 PM

Штипски Балканец освои 12 медали на меѓународниот турнир „Трофеј шампиони“ во Радовиш

Вчера БК Балканец настапи со 15 млади борачи, од кои за прв пат во историјата на клубот настапија две девојчиња во женска конкуренција.

Освоени се вкупно 12 медали од кои:
46кг. Зоран Шоров I-место (2008/09)
60кг. Никола Гацов I-место (2006/07)
68кг. Андреј Трајчов I-место (2006/07)
75кг. Љупче Ташев I-место (2006/07)
38кг. Стојанче Стојков II-место (2006/07)
60кг. Бојан Спасевски II-место (2004/05)
71кг. Ангел Манев II-место (2004/05)
42кг. Христијан Трајчов III-место (2008/09)
38кг. Стефан Стојков III-место (2006/07)
38кг. Јован Атанасов III-место (2006/07)
60кг. Анабела Данова III-место (2006/07)
60кг. Тео Стојков III-место (2006/07)

Меѓународниот турнир “Трофеј шампиони” се одржа под организација на БК Бучим во Радовиш каде настапија 147 борачи во машка и женска конкуренција, поделени во 26 категории од вкупно деветнаесет екипи од Македонија, Бугарија, Грција и Косово.