Доцна есен со пролетно сончево време: Денеска и утре до 16, потоа до 17 степени – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/19 6:21 AM

Доцна есен со пролетно сончево време: Денеска и утре до 16, потоа до 17 степени

Сончево и потопло време со мала до умерена облачност е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 16 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Штип – 13, Охрид – 12, Скопје и Битола – 11…

Сончево и топло време за овој период од годината се очекува и во следните денови. Утринската температура во вторник, среда и в четврток ќе се движи од – 3 до 6, а максималната дневна од 8-9 до 17 степени.