Сончево и потопло време со мала до умерена облачност е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 16 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Штип – 13, Охрид – 12, Скопје и Битола – 11…
Сончево и топло време за овој период од годината се очекува и во следните денови. Утринската температура во вторник, среда и в четврток ќе се движи од – 3 до 6, а максималната дневна од 8-9 до 17 степени.


