Русковска: Наскоро второ обвинение за „Рекет“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/19 2:45 PM

Русковска: Наскоро второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение, објави Макфакс.

– Се привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе биде подигнато обвинение – рече обвинителката.

Таа кажа дека не знае кој ја пуштил пратеничката Фросина Ременски од споредниот влез на зградата и за тоа може одговор да даде претседателката на Апелациониот суд, бидејќи зградата не е на Обвинителството.