Тројца чаирчани ограбиле таксист во 4 часот наутро – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/19 11:58 AM

Тројца чаирчани ограбиле таксист во 4 часот наутро

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Чаир“ ќе поднесе кривична пријава до ОJO против Д.Е.(26), Д.А.(19) и С.Ј.(27) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршиле едно кривично дело „разбојништво“.

На осми овој месец 04:30 часот во Скопје, додека се превезувале во такси возило на ул. „Брсјачка буна“ пријавените извршиле разбојништвo врз К.Ц., возач на такси возилото со употреба на физичка сила и му одзеле пари и мобилен телефон.