Во стан во Гостивар пронајдени 64 пакувања со кокаин – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/19 11:41 AM

Во стан во Гостивар пронајдени 64 пакувања со кокаин

Три лица биле приведени ноќеска во Гостивар поради дрога.

МВР информира дека околу еден часот после полноќ, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар лишиле од слобода две машки лица на возраст од 31 и 48 година и едно женско на возраст од 31 година од гостиварска Долна Бањица, затоа што при претрес извршен со судска наредба од 23 до 1 часот, во стан на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, а кој под закуп го користел едниот од приведените, пронајдени се 64 пакувања кокаин и дигитална вага.