Кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/19 11:33 AM

Кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед.

Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис во однос на ББ просекот.

„Фич“ пишува дека домашната политичка ситуација е нормализирана после подолг период на „политичка парализа“ од 2014-2017 година. Согласно агенцијата, процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите.

Како што наведува агенцијата, проекцијата за раст на македонската економија за годинава 3,4 проценти од БДП, што претставува забрзување во однос на лани. Нивните очекувања се растот да биде придвижен од домашната побарувачка. Во извештајот се наведува дека инвестициите во првото полугодие од годинава пораснале за 10,4 проценти што, според агенцијата, се должи на зајакнатата доверба на инвеститорите и на растот на кредитирањето.