Тешка несреќа на скопската обиколница – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/19 11:27 AM

Тешка несреќа на скопската обиколница

Жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:20 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка „Стајковци“. Како што информира МВР, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната М.С. од село Долно Палчиште, изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра. Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока и во тој момент патничко моторно возило „мерцедес МЛ320“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот П.Т. од село Врапчиште, и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки управувано од 48-годишниот Р.Ј. од Скопје удриле во металната канделабра. По незгодата, М.С. била пренесена во клиничкиот центар и ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.