Деновиве во Самоков, при рутинска контрола на бугарската полиција, бил сопрен европратникот Ангел Џамбаски, познат по исклучително „пријателските“ чувства кон Македонија. Полицајците му направиле алкотест, а апаратот покажал 1,5 промили алкохол во крвта.
„Јас сум виновен, но не би било важно, не дај Боже, да станеше нешто лошо“, изјавил за тамошните медиуми Џамбаски по инцидентот.
Лани, пак, кај Џамбаски, при контрола на софискиот аеродром , бил пронајден непријавен пиштол наполнет со девет куршуми.
Дали за возењето пијан ќе добие заслужена казна, останува да се види, а неговите изјави за „македонското прашање“ можеби и не треба да се сфаќаат многу сериозно, бидејќи можеби ќе треба да се води сметка во каква „состојба“ ги дава.