Сопругата на осудениот за ,,Рекет “ Зоран Милевски реагира за објавените аудио снимки-Тоа се невистини ! – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/19 8:14 PM

Сопругата на осудениот за ,,Рекет “ Зоран Милевски реагира за објавените аудио снимки-Тоа се невистини !

Сопругата на осудениот за ,,Рекет “ Зоран Милевски ,Мелина,  вели дека тоа е атак врз достоинството на нејзинот сопруг и целото семејство. Таа за објавените снимки вели дека се невистинити , а уште повеќе е навредена со тоа што има пет малолетни деца со Зоран.

За Канал 5 Мелина Милевски тврди дека објавените видео снимки на Јутјуб не се вистинити.

Попладнево Мелина Милевски , сопругата на осудениот Зоран испрати и писмена изјава до редакцијата на Канал 5 која ви ја пренесуваме во целост:

,,Ви се обраќам после последните случувања, кои беа директен атак врз интегритетот и достоинството на моето семејство. Ви се обраќам истовремено  како човек пред се како мајка и жена…До кога ќе се молчи за ова што се случува ?? До кога??Треба ли жртви да сме ние семејствата , жените , децата ..родителите..??До кога ќе може кој што сака да каже за било кого само да плати некоја тарифа за текст по нарачка или реклама да уплати..Има ли крај..?  Треба ли нашите деца да израснат  во психички стабилни луѓе или треба да ги уништиме од мали..? Треба ли нашите родители да си имаат мирна старост или треба да ги приумреме што побргу од стресовите што ги гледаат овие гнасотии и лаги !! Зошто не ги оставите на мир семејствата , децата, родителите..?

Нели е тоа еден чин на храброст дека тие не треба да бидат жртви во валканите игри што ги играте.. До кога “вистината” ке ја креираат тие што плаќаат за да уништуваат невини деца..стари родители и луѓе кои никого не повредиле ..До кога ќе го дозволиме ова самоуништување..? До кога нашите судбини ќе бидат на лицитација..? Зарем немате деца? Зарем немате родители..? Како и ви било вам ова да ви се случува..? Знам дека денеска секој за пари секаква лага и гнасотија може да измисли и да ја претстави како вистина.

Но, дајте ве молам како човек, како мајка на 5 деца..Ве замолувам да бидеме посвесни како луѓе да не дозволиме да потпаѓаме на лаги..на кафански муабети на пијано..Не е добро за сите нас како луѓе..како народ..Денес моето семејство е на тапет во овие гнасотии и лаги , утре можеби ќе бидете вие или вашите деца..Ве замолувам уште еднаш да бидеме на страна на вистината и да не шире злоба , омраза навредување и рушење на интегритет во овој случај на мојот сопруг и нашето семејство. Се надевам дека моето искрено обракање до вас ке вроди  со плод и сите заедно ќе го запреме ова лудило на рушење на семејството и невини луѓе со лаги , измами гнасотии , местенки..манипулации..” , напиша Милевски во писмената изјава.