Се збратимија Општините Чашка и Хаџидимово од Република Бугарија – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/19 6:14 PM

Се збратимија Општините Чашка и Хаџидимово од Република Бугарија

Размена на искуства поврзани со подготовка на апликации за грантови од пристапните фондови на Европска Унија и од ИПА програмата за преку гранична соработка , посета на Општина Чашка од страна на Градоначалникот на Општина Хаџидимово , Људмил Терзиев со дел од администрацијата од одделението за Локален економски развој како и размена на идеи, искуства и планови за развој на двете општини, во Северна Македонија и во Република Бугарија се конкретните чекори на двете општини по збратимувањето.  Меморандумот за меѓуопштинска соработка е потпишан деновиве од страна на Градоначалниците Горан Стојановски како гостин и Људмил Терзиев како домаќин,

  ,,  Општина Чашка не може да соработува со општини во Бугарија, бидејќи се наоѓа во централниот дел поточно во вардарски плански регион, па затоа Општина Хаџидимово ќе помогне во воспоставување на соработка со општина во соседна Грција со која ќе можеме да аплицираме во европските фондови и ИПА фондовите. Исто така со колегата Терзиев разговаравме за воспоставување на соработка и со општина Банско, соседна на Хаџидимово, каде е многу развиен руралниот туризам што како добра практика може да го користи Општина Чашка која е рурална општина во Македонија“, рече градоначалникот Стојановски.

Збратимувањето на двете општини Чашка и Хаџидимово го поттикнаа двете централни општински основни училишта, македонското „Торор Јанев“ и бугарското „Никола Јонков Вапцаров“. Тие соработуваат во европската образовна програма Еразмус плус. Со потпишувањето на протоколот за збратимување сега создадени се можности за уште поголема соработка помеѓу двете општини на економски, културен и спортски план

   ,,Општина Хаџидимово е иста по број на жители како и Чашка која пак по територија е многу поголема. Ова е второ збратимување на Чашка, според донесена одлука на Советот на општината, поточно по збратимувањето со Општина Чили од Република Турција“, додаде Стојановски.

Со Градоначалникот Стојановски во Општина Хаџидимово беа и играорците од КУД „Тодор Јанев“ кои ги презентираа македонските ора и песни. Градот Хаџидимово се наоѓа во Благоевградската област и има 15 населени места во кои живеат 10.069 жители.

Убавка Јаневска