Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја во неколку земји. Официјалнo листата со амбасадорските имиња се чува во тајност додека тие не добијат виза од шефот на државата Стево Пендаровски. Неофицијално, Плусинфо доби дел од имињата на амбасадорите во неколку земји.
Во Рим нов амбасадор ќе биде Рами Реџепи, во Белград нов македонски амбасадор ќе биде Васко Грков, Сашко Тодоровски во Стразбур, Мишо Докмановиќ во Тел Авив, Шпреса Јусуфи во Приштина, Данчо Марковски во Тирана, Милаим Фетаи во Загреб, Шабан Јашари во Катар, Теута Демјаха или Андреј Жерновски за ОН во Женева, Фатон Бејта во Копенхаген и Бети Јачева во Хаг. Дане Талески е предлогот за нов амбасадор во НАТО во Брисел.
Нема информации кои ќе бидат новите амбасадори за Атина, Москва, Прага, Њу Делхи, Ватикан, Пекинг…
плусинфо.мк