Без дискусија, советниците во кавадаречкиот совет и денеска дадоа негативно мислење за вршење на детални геолошки истражувања во селото Коњско. Ваквата одлука уследи по доставеното барање од министерството за економија, за произнесување на советот околу барањето за доделување концесија за детални геолошки истражувања на минерални суровини на локалитетот во селото кое е дел од општините Кавадарци и Гевгелија.
И на една од минатите седници, советниците дадоа негативно мислење, по барањето за геолошки истражувања на планината Кожуф. Ставот на советниците е дека нема да се дозволи отворање на рудници на овој дел од земјава.
Ангел Данов


