Во текот на поправка во Мурманск, се запали рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ и притоа се повредени три лица, а некои медиуми јавуваат и за еден исчезнат.
-Според првичните информации, огнот ја зафатил првата единица за напојување на бродот, а потоа се проширил. Од горната палуба се гледа облак од густ црн чад, наведува извор за ТАСС.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, а се верува дека настанал заради непочитување на безбедносните правила во текот на поправката.
„Адмирал Кузњецов“ во моментов е единствениот активен руски носач на авиони. Изграден е и спуштен во море во времето на СССР.


