Шпанија: Санчес доби мандат за формирање влада, се’ уште бара партнери – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/19 9:32 AM

Шпанија: Санчес доби мандат за формирање влада, се’ уште бара партнери

Шпанскиот крал Фелипе VI синоќа му го даде мандатот на лидерот на Социјалистичката партија Педро Санчес за да направи обид да формира влада, иако тој се’ уште нема доволна поддршка од другите партии. Социјалистичката партија имаше најмногу гласови на изборите и доби 120 од вкупно 350 места во парламентот.

Санчес сега преговара со ривалските партии за евентуално да ја добие нивната поддршка. Веќе има договор со левичарите од партијата Обединети која има 35 пратеници, но тоа не му е доволно за парламентарно мнозинство.

Шпанија за четири години имаше четири изборни циклуси, а ако ниту една партија не успее да формира влада, новите избори можат да се оддржат напролет.