Во хотел „Изгрев” во Струга започнува годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) „Заедно кон ѕвездите”.
– Воведниот панел на конференцијата, насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република Северна Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ”, ќе го отвори заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а свое обраќање ќе имаат и Џулијан Васал, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава и раководител на Оддел за политички прашања, Амер Капетановиќ, шеф на политичкиот оддел при Советот за регионална соработка (RCC), Ерван Фуере, поранешен евроамбасадор во Република Северна Македонија, како и Франсоа Лафонд, и Золтан Марку, советници на ЗПВРСМ Османи делегирани во СЕП соодветно од владите на Франција и Унгарија, соопштија од СЕП.
На годишната конференција ќе биде направен пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со перспективите и очекувањата од новата Европска комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи.
МИА