Во Штип утрово повторно гореше автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/19 2:34 PM

Во Штип утрово повторно гореше автомобил

Утрово гореше уште еден автомобил во Штип

Според информациите од СВР Штип, во 04.10 пријавено е дека пред куќа на ул. Черења во Штип настанал пожар во ПМВ Ауди сопственост на А.А.(29) од Штип.

Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ Штип. Увид на местото извршила екипа на СВР ШТИП.

Инаку според информациите од СВР Штип во текот на оваа година во Штип поради различни причини  гореле  21 автомобил , за шест од нив  е поведена истрага поради постоење на сомнение дека пожарите се подметнати.

Еден од шесте случаеви е расветлен и е поднесена кривична пријава.