Време: Денеска врнежливо и со максимални 9 степени, во следните денови малку потопло – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/19 7:03 AM

Време: Денеска врнежливо и со максимални 9 степени, во следните денови малку потопло

Променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска. Највисоката максимална температура од 9 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Скопје, Охрид и во Штип – 6, во Битола – 4…

Времето утре се очекува да биде умерено до значително облачно со максимална температура до 11 степени. В петок и в сабота треба да имаме променливо облачно време со повремени врнежи и сончеви периоди и со температури в петок до 13, а в сабота до 12 степени. В недела, пак, се очекува претежно сончево време со максимална темература до 13 степени.