Српскиот репрезенатитивец и фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ, е ограбен во саботата навечер додека со својот тим играше nа дербито во италијанското првенство против Јувентус.
Од куќата во Рим во која живее популарниот СМС, биле украдени 5.000 евра во готовина, и скапоцени предмети во вредност од 100.000 евра. Меѓу украдените предмети имало и два скапи часовници од познати марки.
Милинковиќ Савиќ ја известил полицијата, а снимките од камерите покажале дека грабежот го направиле три лица, чии идентитети засега се непознати. Тоа е само продолжување на серијата грабежи во куќи на фудбалери низ Европа.
МИА