Сакате да го зачувате вашето здравје во овој период од годината и воедно да внимавате на својот изглед? Зеленчукот е одличен избор за да ги постигнете двете нешта. Во случај да се двоумите што треба да купите за вашата трпеза во овој период, прочитајте која е користа од одредени зеленчуци.
Еве дел од оној зеленчук кој треба да го консумирате во овој период кога ќе започнат студените денови, а ние сме должни нашето тело да го наполниме со енергија и здравје.
Рукола
Руколата е богата со прoтеини, витамин Б, диетални влакна, витамин А и Ц. Исто така е богата со фолни киселини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и калиум. Најчесто се користи како додаток во салата, но исто така можете да ја искористите и како додаток за пица.
Аспарагус
Аспарагусот можете да го подготвите на повеќе начини и тоа како додаток во супа или салата, па дури можете да го искористите како меѓуоброк. Тој е богат со витамини А, Ц и Е, како и Б и Д комплекс, потоа содржи диетални влакна, протеини и железо.
Цвекло
Цвеклото можете да го подготвите во вид на салата, но истовремено можете да го искористите како додаток во супа или при подготовката на домашен сок. Цвеклото е богато со витамин Ц, железо и магнезиум. Исто така изобилува со диетални влакна, фолна киселина и калиум.
Брокула
Брокулата е најдобро да ја подготвите во супа или пак да направите некоја тестенина во која ќе ја искористите како додаток. Всушност, брокулата е една од оние намирници кои лесно се подготвуваат и затоа нема да ви биде проблем нејзиното готвење.
Инаку таа е богата со витамин Е, Ц, Б6, фолна киселина и калиум.
Извор: denar.mk