Кога вирусите владеат искористете го витаминот Ц од овој одличен извор – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 3:43 PM

Кога вирусите владеат искористете го витаминот Ц од овој одличен извор

Сезоната на вируси штотуку започна, а за да се заштитите, важно е да го зајакнете имунитетот, при што витаминот Ц е неприкосновен. Направете сами своја дневна доза…

Земете агруми – лимон, портокал, грејпфрут, мандарина или лимета, па кога ќе ги јадете, измијте ја кората темелно и исецкајте ја. Ставете ја на чиста памучна ткаенина и оставете ја неколку дена на собна температура додека не се исуши. Потоа ставете ја во блендер и измелете ја во прав, ставете ја во сад со капак и чувајте ја на суво и ладно место.

Конзумирајте најмалку една лажичка на ден, со тоа што ќе го ставате во супа, салата, сок, десерт… Бидејќи, кората од агрумите содржи многу високи дози на витамин Ц и е богата со ензими и фитонутриенти, а вкусот е многу пријатен.

Извор: denar.mk