Некролог за жива жена: „Дојдов да изразам сочуство, а ‘покојната’ ми отвори врата“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 11:19 AM

Некролог за жива жена: „Дојдов да изразам сочуство, а ‘покојната’ ми отвори врата“

„Видов некролог дека мојата сосетка почнала и отидов да изразам сочуство. Но, за малку да се шокирам – вратата ми ја отвори покојната!“, зборува со неверување жителка на населбата Врана кај Ариље, Србија, во која се случил овој несекојдневен случај.

Некрологот бил поставен пред пет-шест дена, со известување дека бабата Б. Стојковиќ ќе биде погребана на 5 декември, а стоеле и имиња на блиските ожалостени од семејството,  пишуваат српски медиуми.

„Навистина не знам како се случило тоа. Таа вели дека некој тоа намерно и’ го направил, а некои низ селото зборуваат дека таа самата си го нарачала некрологот за да види кој ќе и’ дојде на погребот, кој ја почитува – рекла сосетката што отишла да изрази сочуство кај бабата која живеела сама.