Мортус-пијан возач во ноќта меѓу петокот и саботата бил сопрен од сообраќајната полиција во Врњачка Бања, Србија, при редовна контрола. Полицајците е вџашиле од она што го виделе потоа.
„Апаратот за алко-тест се активирал уште кога му пришле на пијаниот возач. Кога му провериле колку алкохол има во крвта, не можеле да поверуваат дека апарарот покажува дури 4,21 промили. Веднаш го приведоа во полиција на трезнење. Ќе му биде судено“, соопштил за „Блиц“ извор од полицијата.