Украина и Русија се договорија на целосен прекин на огнот – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 8:58 AM

Украина и Русија се договорија на целосен прекин на огнот

Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, договорија „целосна и сеопфатна имплементација“ на прекинот на огнот во источна Украина до крајот на оваа година.

По осумчасовните разговори во Париз меѓу двајцата лидери, со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и на германската канцеларка Ангела Меркел, договорена е и целосна размена на затвореници која треба да се случи на 24 декември. Во веќе шестодишниот конфлкт загинаа повеќе од 13.000 луѓе.