Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 8:00 AM

Одбележување на Меѓународниот ден на човековите права

На Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, денеска ќе се одржи Свечена академија по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, кој се чествува и како Ден на Факултетот.

На Свечената академија ќе се обратат ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје, проф. д-р Горан Коевски и проф. д-р Боби Илиев од Универзитетот Кентаки, САД,  кој ќе зборува на тема „Лажни вести”.

Во оваа пригода ќе биде промовиран и Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје во чест на проф. д-р Миодраг Мицајков.