Време: Денеска до 12 степени и врнежи од дожд, а на планините од снег, слично и до сабота – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/19 7:03 AM

Време: Денеска до 12 степени и врнежи од дожд, а на планините од снег, слично и до сабота

Претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. Максималната температура од 12 степени треба да биде измерена во Гевгелија. Во Штип – 10, Скопје и Битола – 8, Охрид – 7…

Слично време се очекува и во следните денови. Утре максималната температура треба да достигне до 9 степени, в четврток и в петок до 13, а в сабота до 12 степени.