Штискиот храм „Успение на пресвета Богородица“ 99 години чува дел од моштите на светец – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 7:08 PM

Штискиот храм „Успение на пресвета Богородица“ 99 години чува дел од моштите на светец

Штип, 9 декември 2019 (МИА) – Во храмот на „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село денеска беа изнесени дел од моштите на светецот Алимпије Столпник. Моштите се изнесуваат еднаш во годината и тоа денеска на денот на светецот. Овие мошти веќе 99 години се чуваат во овој храм. Штипски трговец во 1920 година, дел од моштите на светецот ги донел од Света Гора.

-Се сретнал во Света Гора со некој монах, според кажувањата, си кажал од кој македонски град е и прашал дали ќе може да однесе во Штип дел од моштите на спомнатиот светец. Монахот ја исполнил желбата на штипскиот трговец и од 1920 -та година, моштите се во овој храм, вели свештеникот Јовче Ќурчински.

До пред неколку години,  моштите  постојано биле изложени за јавноста, но сега се заштитени во посебен дел од храмот. Православните верници освен светиот Алимпије Столпник, денеска го чествуваат и светецот Јовче Ќурчински.