Плаќањето со лажни пари за жал не е реткост, а еден таков случај се случил во Хрватска. Таму 20- годишно момче на компјутер скенирало оргинална банкнота од илјада куни и потоа ја отпечатил.
Со лажната банкнота отишол да купува во продавница, каде и поминал без проблеми. Кога тој си заминал од продавницата, продавачката сфатила дека се во прашање лажни пари, но не повикала полиција туку направила нешто навистина необично.
Следниот ден таа отишла со истата лажна банкнота на киоск и пробала да плати. Продавачката од киоскот забележала дека банкнотата е лажна. Одбила да ја прифати и пријавила во полиција.
За случајот Обвинитекството во Чаковец подигнало обвинение против младото момче и 58-годишната продавачка.


