Селимир Јуришевиќ (43) е убиен вчера во лов во селото Томашево кај Биело Поље, потврдено е од управата на полицијата на Црна Гора.
-Дежурната служба на Центарот за безбедност „Бело Поле“, вчера околу 14:00 часот била известена од страна на М.Д, дека тој употребил ловечка пушка и го погодил С.Ј (43), по што тој смртно настрадал – наведува полицијата.
Драшковиќ, според „Радио Црна Гора“, несакајќи го усмртил својот пријател Селимир Јуришевиќ.
Откако пукал во дивата свиња, Драшковиќ слушнал шум во блиските грмушки, па почнал да пука мислејќи дека и таму има дивеч.
Полициски службеници заедно со обвинител излегле на лице место и извршиле увид, по што телото било пратено да обдукција.
М.Д е лишен од слобода.