Без вода корисниците на улицата „Скоевска“ во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 9:51 AM

Без вода корисниците на улицата „Скоевска“ во Скопје

Прекин во водоснабдувањето денеска од 9:40 часот имаат дел од корисниците на улицата „Скоевска“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект ф150мм на улицата „Скоевска“ бр.13а.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.