Неколку мали трикови во кујната кои би ви помогнале многу – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 8:52 AM

Неколку мали трикови во кујната кои би ви помогнале многу

Некогаш ви се случуваат грешки и проблеми во вашата кујна. Освен ако не сте професионален готвач кој знае секоја ситуација да ја искористи во своја полза и веројатно ги знае сите трикови.

Во тој случај некои мали совети може многу да ви помогнат следниот пат:

1. Бананите оставајте ги во истиот сад во кој ви стои овошјето бидејќи бананите испуштаат гасови кои на останатите овошки влијаат позитивно и побрзо созреваат. Но со тоа и многу побрзо се расипуваат.


2.
Пред да почнете да сечете лути пиперки , премачкајте ги рацете со билна маст. Тоа ќе ги заштити вашите раце и ќе спречи лутите материи од пиперките да ви навлезат во порите.

3. Доколку ви загори оризот, на оној дел од тавата кој останал чист, ставете парче леб и оставете ја да отстои 5-10 минути. Лебот ќе ги впие сите загорени мириси.

4. Замрзнатото месо ќе се одмрзне побрзо ако го премачкате со оцет.

5. Компирот ќе из`рти подоцна ако во кесата или вреќата ставите едно јаболко.

6. Кога ќе ви остане вино после вечерата, замрзнете го во калапче за коцки и вадете ги кога ќе ви бидат потребни за готвење.

7. Пуканките ќе ги направите побрзо ако зрната претходно ги потопите во чаша вода. Држете ги така околу 10 минути, а потоа извадете ги и избришете ги со крпа пред печење.