Саудиска Арабија: Жените повеќе нема да влегуваат на посебен влез и да седат зад прегради во рестораните – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/19 8:23 AM

Саудиска Арабија: Жените повеќе нема да влегуваат на посебен влез и да седат зад прегради во рестораните

Жените во Саудиска Арабија повеќе нема да мораат да користат посебни влезови во угостителските објекти ниту да седат зад прегради во рестораните по најновта мерка на саудиската влада со која се ублажуваат повеќедецениските конзервативни ограничувања во таа земја.

Одлуката што се однесува на некои од највидливите облици на полова дискриминација била објавена вчера со внимателно напишано сооптение од Министерството за градски и селски пашања.

Рестораните и кафулињара во Саудиска Арабија, вклучувајќи ги и западните сонџири како што е „Старбакс“, сега се поделени на „семеен дел“ наменет за жени што се сами или во придружба на роднини и на „дел за самци“, во кој може да седат само мажи. А тука се и посебните влезови. Во помалите ресторани и кафулиња, каде што нема место за поделба на масите и столовите, влез за жени не е дозволен.