СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ набавувала сомнителен инсулин – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/19 4:51 PM

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ набавувала сомнителен инсулин

„На криминалната ВМРО-ДПМНЕ профитот им беше, и се уште им е на прво место, пред граѓаните, затоа набавувала сомнителен инсулин. Како во своето режимско владеење така и денеска ВМРО ДПМНЕ се води од каузата профитот и провизиите пред луѓето. За СДСМ квалитетот на лековите и здравјето на граѓаните е врвен јавен интерес и ништо не е поскапоцено од тоа“, стои во соопштението испратено до медиумите на СДСМ.

Од СДСМ велат дека Министерството за здравство било принудено да уништи сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

“Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет“, велат од СДСМ.

Владата на СДСМ направи суштински реформи во здравствениот систем и сега пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини, а не како порано инсулини од сомнително потекло и не се знаеше дали функционираат или не.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени, бидејќи граѓаните не забораваат и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција и по 12 април, велат од владејачката партија.