Во пожар, кој синоќа избувнал во еден часот по полноќ во куќа во село Пиперево, целосно е уништена покуќнината и внатрешните простории и е направена голема материјална штета, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Во пожарот нема повредени, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со едно противпожарно возило.
Пожарот е изгаснат еден час по избувнувањето, а дополнително ќе се утврдува причината за настанувањето.