Дел од приведените од денешната голема акција на МВР се врзани со пукањето во Александар Палас, потврди Сузана Прањиќ Талевска од МВР. Таа додаде дека лицата се можни членови на криминлани групи во регионот на Скопје.
„Пред и по акцијата, од слобода се лишени 10 лица. Дел од нив се со документирани кривичи дела загрозување на безбедноста на полициско лице, сомненија за кривични дела трговија со дрога и недозволено тргување со оружје“, реле Прањиќ Талевска.
Во акцијата, која почнала во 5 часот наутро врз основа на судски наредби, извршени се претреси на 34 локации кај 32 лица во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Ченто, Бардовски, Студеничени и Центар. Биле пронајдени и одземени пуштоли, пушки, муниции и слично.