Во текот на вчерашниот ден на „YouTube“ беа поставени аудио снимки на кои се слуша глас кој многу наликува на бизнисменот кој е поврзан со случајот „Рекет“.
– Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.
– Имаш ли некое влијани или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние.
– Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?
– Никој не знеме кој што има од тоа време. Јас што имам, значи сакам да ги рушам Заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо.
Во снимките кои траат по десетина секунди не може да се слушне кој е соговорникот, а исто така ниту пак како е сниман разговорот.
Преземено од: Слободен Печат