Албанскиот премиер Еди Рама на Аурелин и Алејсон, децата кои скокнаа од тераса на својот дом за да се спасат во неодамнешниот земјотрес и веќе со санирани повреди излегоа од болница, им приреди изненадување.
Децата отпатуваа со него во Торино, Италија, и ги запознаа Роналдо и Буфон. Тие добија подарок дресови потпишани од двајцата популарни фудбалери.