Чифлиганец: Ниту сум нудел од мое име или во друго име каква било недвижност – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/19 8:37 PM

Чифлиганец: Ниту сум нудел од мое име или во друго име каква било недвижност

Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан.

Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име.

проф. д-р Ванчо Чифлиганец