Неготино ќе собира потписи против депонија за индустриски отпад – ММС
ММС

Објавено на: 12/6/19 7:36 PM

Неготино ќе собира потписи против депонија за индустриски отпад

Од 10 до 18 овој месец неготинци ќе можат да го дадат својот потпис против депонија за индустриски отпад во близина на Криволак, информираа денеска од Здружението на граѓани ,,Ековита”. Ова здружение  ја стартуваше иницијативата за референдум, а денеска добиле зелено светло за собирање потрписи од подрачното одделение на ДИК, канцеларија Неготино.

Потребни се најмалку сто потписи кои потоа треба да се достават до претседателот на советот.

“За да имаме право на референдумско изјаснување, најпрвин треба да ги собереме тие потписи.  Со собраните потребен број на потписи, Советот имал обврзувачка обврска да распише референдум на локално ниво“ објаснува  Сашко Тодоров, претседател на ,,Ековита“.

Тој е убеден  дека и пред крајниот рок иницијативата за референдум неготинци масовно би ја поддржале, бидејќи станува збор за земјоделски регион, но граѓаните стравуваат и за своето здравје.